Предложено преуредување на БиХ по примерот на Белгија
„БиХ би можела да се инспирира од белгиското уредување, земјата која има три јазични заедници и постојат три региони. Истото може да се направи и во БиХ за Хрватите да можат да бидат во целост рамноправен народ со другите два уставотворни народа Бошњаците и Србите“, изјави Ковач во интервју за Радио-телевизија ХерцегБосна од Мостар, а пренесе новинската агенција Хина.
Тој додаде дека официјален Загреб ќе биде уште повеќе ангажиран околу БиХ на што повикуваат и одредбите од Дејтонскиот мировен договор.