Во Тирана нови протести, Могерини и Хан бараат дијалог меѓу власта и опозицијата
Истовремено, тие истакнаа дека протестот е демократско право, но осудуваат секаков акт на насилство и секоја изјава на политичките лидери која поттикнува насилство. Двајцата политичари за одлуката на опозицијата нејзините пратеници да се откажат од мандатите, оценија дека тоа сериозно го попречува функционирањето на демократијата во Албанија.
Во меѓувреме под силно полициско обезбедување пред Парламентот во Тирана протестот минува без инциденти. Пред насобраните илјадници граѓани кусо обраќања имаат пратениците посочувајќи дека мандатите им припаѓаат на граѓаните и во нивно име се откажуваат
од нив, за да ги „ослободат од криминалната Владата на Рама“.