Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ нема да го бојкотира парламентот
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешниот ТВ дуел со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека неговата партија нема да го бојкотира парламентот, откако пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ го напушти Собранието по казната затвор од две години за екс премиерот Никола Груевски. „Имаме сериозна и конструктивна опозиција на која местото и е во Собрание“, рече Мицкоски. Премиерот Заев пак, запрашан за спорот со името рече: „Република Илинденска Македонија не само што го сочувува, туку и го унапредува идентитетот. Не слушнав сериозни аргументи зошто е проблематично тоа име, а притоа македонски јазик е потврден, идентитетот е наш потврден дури и граѓанството стои македонско/граѓани на таа земја, затоа што имаме Албанци, Бошњаци, Власи и други етнички заедници“. Тој додаде дека ако ВМРО ДПМНЕ навистина се декларира за ЕУ и НАТО интеграциите мора да покаже и флексибилност затоа што патриотизам, како што рече, на гладен стомак нема, а граѓаните ќе го кажат својот глас на референдум.