Влада: Лидерска ќе се одржи во термин кој им одговара на сите партии
“Владата на Република Македонија како и секогаш досега кога има значаен развој во текот на преговорите за проблемот кој го има Република Грција со нашето уставно име, навремено и целосно ги информира сите засегнати политички субјекти. Истовремено, транспарентно и одговорно ја информира и јавноста, односно граѓаните на РМ,” наведуваат од Владата на РМ.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска на прес-конференција рече дека бараат итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Јанушев нагласи дека поради ваквото барање, партискиот лидер Христијан Мицкоски ја прекинал работната посета на Италија и веќе е на пат кон Македонија.