Помпео се враќа од Северна Кореја со тројцата притворени Американци
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска рече дека Американците кои беа притворени во Северна Кореја се на пат кон дома со државниот секретар Мајк Помпео.
Со задоволство ве информирам дека Помпео е на пат кон дома заедно со тројца прекрасни господа, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека тие изгледале како да се во добра здравствена форма. Во одвоена изјава пред состанокот со неговиот кабинет тој рече дека го ценел тоа што лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун им дозволил на Американците да си одат.
Ова патување на Помпео во таа земја е второ годинава, а до пред два дена не беше објавено кога ќе го напушти Вашингтон.