Бомбашки напади во Сомалија, најмалку 18 загинати
Најмалку 18 луѓе се убиени во експлозија на два автомобил бомби и во истрели од огнено оружје во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштуваат тамошната полиција и службите за брза помош. Тие велат дека има уште најмалку 20 повредени при експлозиите и престрелките. Засега не е јасно кој стои зад денешните насилства.
Еден автомобил бомба експлодирал во близина на претседателската палата, а потоа имало уште една експлозија во близина на хотел, проследена со истрели од огнено оружје, велат од полицијата.
Во бомбашкиот напад со камион во Могадишу во октомври минатата година загинаа 512 луѓе, што е најсмртоносниот напад во историјата на земјата.