Добавить новость
Другие новости Москвы и Московской области на этот час
Добавь свою новость бесплатно - здесь
Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Путин ги призна сепаратистичките области во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на независноста на регионите во источна Украина, кои ги контролираат сепаратистите поддржани од Русија.


Во обраќање во живо, Путин даде опширни коментари за советската историја и формирањето на Украинската Советска Социјалистичка Република под комунистичката власт во 20 век.


Киев одговори на она што го соопшти Путин велејќи дека „целиот свет“ ги следи дејствијата на Русија за признавање на само-наречените групи и „сите ги сфаќаат последиците“.


Додека Путин зборуваше, меѓународните новински агенции ги цитираа украинските владини трупи во рововите на фронтот во источна Украина како велат дека е засилено пукањето од тешкото оружје кое е во рацете на сепаратистите.


Во својата дискусија за историјата, Путин го критикуваше поранешниот комунистички лидер Владимир Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Тој вели дека Ленин ја „ставил Русија во неповолна положба“.


„Да почнеме со фактот дека модерна Украина е целосно создадена од Русија, поточно болшевичка, комунистичка Русија. Тој процес започна речиси веднаш по револуцијата во 1917 година. Како резултат на болшевичката политика, се појави советска Украина, која и денес со причина може да се нарече Украина на Владимир Илич Ленин“, рече Путин.


„Во 1954 година, поради некоја причина, (претседателот на СССР Никита) Хрушчов го зеде Крим од Русија и ѝ го даде на Украина. Всушност, така настана територијата на советска Украина“, рече Путин.



„Паника“: Луѓето се евакуираат од окупираниот Луганск во страв и конфузија


Тој додаде дека сега „благодарните потомци ги урнале спомениците на Ленин во Украина“.


„Тоа е она што тие го нарекуваат декомунизација. Сакате ли декомунизација? Па, тоа совршено ни одговара. Но, непотребно е, како што велат, да застанеме на половина пат. Ние сме подготвени да ви покажеме што значи вистинската декомунизација за Украина“, рече рускиот претседател.


Путин рече дека Русија била „ограбена“ кога Советскиот Сојуз се распаднал во 1991 година.


Ова е нешто за што Путин веќе зборуваше, а своевремено распадот на советскиот блок го нарече „геополитичка катастрофа“.


Тој рече дека Украина „никогаш немала традиција на вистинска државност“ и се пожали дека „постсоветска Украина сака се што може да добие од Москва без да прави ништо за возврат“.


Путин ги критикуваше и украинските власти. Тој настаните од 2014 година, во кои демонстрантите го соборија прорускиот претседател на Украина, ги нарече „Пуч“.


Путин, без да обезбеди докази, тврди дека Украина била под „надворешна“ контрола.


Тој рече дека „неонацистите се во пораст во Украина, олигархиските кланови се широко распространети и дека поранешната советска земја е американска колонија со марионетски режим“.


Една од целите на Русија беше да ја спречи Украина да добие членство во во НАТО алијансата.


Путин рече дека „САД и НАТО ја претвориле Украина во „воен театар“.


„Доколку Украина влезе во НАТО, тоа ќе послужи како директна закана за безбедноста на Русија“, рече рускиот претседател.



Путин ќе ја признае независноста на регионите контролирани од сепаратистите во Украина


Набрзо следеа осуди за рускиот потег. Западот се закани со санкции. 


„Признавањето на двете украински сепаратистички територии е јасно кршење на меѓународното право, територијалниот интегритет на Украина и договорот од Минск“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. 


„ЕУ и нејзините партнери ќе одговорат со единство, цврстина и решителност во солидарност со Украина“, додаде таа.


Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон по вестите од Кремљ свикаа итни состаноци на советите за безбедност на нивните земји.


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно вети „брз и цврст одговор“ од Соединетите Држави и сојузниците.


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја осуди одлуката на Русија.


„Ова дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги нагризува напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува договорите од Минск, чија страна е Русија“, рече Столтенберг.


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека „признавањето на отцепените региони на источна Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин е кршење на меѓународното право“.



Проруските сепаратисти во источна Украина наредија воена мобилизација на населението


Инаку, претходно денеска западните лидери предупредија на сериозни последици од признавањето на „независноста“ на териториите во источна Украина.


Амбасадорот на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Карпентер рече дека руското признавање би било „тажно“ и дека треба да се осуди.


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската унија е подготвена остро да реагира.


„Ако има анексија, ќе има санкции, а ако има признавање ќе ги ставам санкциите на маса и министрите ќе одлучат“, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.



Путин - Треба да се разгледа барањето за признавање на Доњецк и Луганск


Формулацијата на Борел сугерира дека ЕУ, чии членки имаат различни интереси и гледишта за тоа како да се справат со Москва, во случај на признавање е можно потешко да се договори за заеднички став и санкции, отколку во случај на целосна анексија.


„Го повикуваме претседателот Путин да го почитува меѓународното право“, рече Борел додавајќи:


„Подготвени сме да одговориме со силен обединет фронт во случај да одлучи“ да ги игнорира овие повици, нагласи Борел.


По телефонскиот разговор со Путин и разговорите за „спречување на катастрофи“, кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц соопшти дека германскиот лидер го осудува можното признавање и го предупредил Путин дека тој потег ќе биде „еднострано кршење“ на договорот од Минск чија цел е мирно решение на осумгодишната војна со сепаратистите во источна Украина.


 

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Москвы — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Москвы или других населённых пунктов Московской области мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Москве можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа в Москве и Московской области






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Москвы и Московской области. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Москвы — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в Москве




Путин в Москве

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в Москве


Частные объявления в Москве, в Московской области и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net