Избран новиот претседател на Интерпол
Критичарите на Кремљ и западните земји се противеа на изборот на рускиот генерал Прокопчук, кој сега е потпретседател на Меѓународната полициска агенција. Тие сметаа дека тоа би било опасно, со оглед на обвинувањата дека Москва ги користи процедурите на Интерпол за прогон на политичките противници.
Ким Џонг Јанг досега беше в.д. претседател на Интерпол, откако поранешниот претседател Менг Хонгвеи од Кина исчезна во септември кога беше во посета на родната земја. Кинеските власти подоцна соопштија дека тој поднел оставка, откако бил обвинет за примање мито.