Сечин: Целта на антируските санкции е да влијаат на ситуацијата во Русија
Вакво мислење првиот човек на „Роснефт“ даде во интервјуто за весникот „Фајненшел Тајмс“.
„Да се направи полошо и да се влијае на изборите. Тоа е моето длабоко убедување“, изјави Сечин.
Медиум: Рускиот бизнис не го губи оптимизмот и покрај гневот на Западот
„Искрено кажано, не сакам да зборувам за санкциите. Сметам дека се апсолутно неосновани и дури и незаконски. Не смее да се пренесува политичката одговорност на корпоративно ниво. Ние не сме дел од меѓународната политика. Ние не ја формираме политиката“, потенцира Сечин.
„Јас се мачев, обидувајќи се да ја подигнам капитализацијата. Имаше 93 милијарди долари. И тогаш решаваат да наложат санкции. И мојата капитализација, производот на моите напори, се намалува на 62 милијарди долари“, се пожали првиот човек на „Роснефт“.
На 28 март Европскиот суд на правдата во Луксембург ги призна за законски санкциите на ЕУ против „Роснефт“. Оваа одлука беше одговор на обраќањето на британскиот суд, кој побара став од европскиот судски орган по жалбата против мерките на ограничување во Велика Британија, пренесува „Лента.ру“.