МНР на Италија: Земјите од Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Русија
Земјите на Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Русија за барање и изработка на решенија за главните меѓународни кризи, изјави шефот на МНР на Италија Анџелино Алфано.
Туск: Русија не направи ништо за укинување на санкциите
„Земјите од Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Москва, кој е неопходен за барање и изработка на решенија за главните меѓународни кризи, како и за заеднички одговори на предизвиците на современоста, почнувајќи од тероризмот“, изјави италијанскиот министер, пренесува RT.
Притоа дипломатот потенцира дека тоа не значи „намалување на притисокот врз Русија на полето на нејзината одговорност во украинската криза“ која, според него, ги принудила Г-7 да воведат мерки на ограничување во разни формати“.