Путин: Русија внимателно следи што се случува во Македонија
„Внимателно следиме што се случува во вашата земја и посакуваме несомнен успех за политичката ситуацијата во Македонија да се развива во согласност со уставот и на демократски начин“, изјави Путин.
Путин ќе се сретне со Ѓорѓе Иванов во Москва на 24 мај
Рускиот лидер изрази увереност дека искуството на Иванов, неговото влијание и неговиот авторитет ќе придонесат за развојот на политичката ситуација во Македонија на уставно поле. Путин истакна неговиот колега пристигна во Русија по повод врачувањето на наградата на православниот фонд „За единство на православната култура“.
„Сакам да ви ја честитам наградата, ниe сме свесни дека благодарение на она што сега беше кажано, нас нѐ врзуваат посебни односи“, изјави рускиот лидер.
Путин, исто така, рече дека билатералните односи меѓу двете земји се развиваат и има позитивни промени, пренесува ТАСС.