Дутерте бара од Путин модерно оружје
„Нашата земја има потреба од модерни примероци на оружје. Имавме определени нарачки во САД, но сега ситуацијата не е многу мазна“, изјави тој. Според него, оружјето е потребно за борбата со терористите. „Вашата земја претставува за нас сигурен партнер“, изјави Дутерте, пренесува „Лента.ру“.
Дутерте: во светот можете да се потпирате само на Русија и Кина
Според него, двете земји треба да ги развиваат трговските односи. „Дојдов за да барам ваша поддршка и да ви го предложам нашето пријателство. Ние треба да ја развиваме трговската размена, трговскиот промет“, изјави Дутерте.
Путин истакна дека Русија и Филипините имаат многу интересни проекти, вклучувајќи ја и можната соработка во воено-техничката сфера.
Пакетот документи меѓу Русија и Филипините ќе биде потпишан во среда, 24 мај.