МВР на Русија приведе хакери кои заразиле со вирус милион смартфони
Според информациите на полицијата, престапниците заразиле со вирус повеќе од еден милион смартфони.
Според верзијата на истрагата, во состав на криминалната група имало 20 лица кои живееле во различни региони на земјата. Организатор на незаконскиот бизнис полицијата смета дека е 30-годишен жител на Иваново.
Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери
Полицијата истакнува дека вирусот овозможил да се добие несанкциониран пристап до смартфоните кои работат во рамките на еден од мобилните оператори. Со помош на скриени СМС-команди криминалците можеле да префрлаат пари на претходно оформени сметки.
„Во текот на противправното работење, престапниците заразиле со тројански вирус повеќе од еден милион смартфони, а штетата од нивната активност надминува 50 милиони рубли (околу 800 илјади евра)“, објасни портпаролот на МВР на РФ Ирина Волк, пренесува РИА „Новости“.