Медведев ќе се сретне со Ердоган во Истанбул
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се очекува да разговараат за клучните билатерални прашања во односите Русија-Турција на средбата во Истанбул во понеделник на маргините на самитот на Црноморската економска соработка (ЦЕС), соопшти прес-службата на Владата на РФ, пренесува RT.
Кога Европа ќе добие руски гас без посредници?
Медведев исто така ќе се сретне и со својот турски колега Бинали Јилдирим, како и со молдавскиот претседател Игор Додон, кој е меѓу претставниците на 12 земји кои го сочинуваат ЦЕС.
Медведев на чело на руската делегација ќе присуствува на откривањето на меморијална плоча во спомен на амбасадорот Андреј Карлов, кој беше убиен минатата година во терористички напад во Анкара.