Абе: РФ, САД, Јапонија и Кина ќе дадат решителен одговор на Северна Корeja
„Обединувајќи ги напорите со Јужна Кореја, САД, Русија, Кина и целата меѓународна заедница, ние ќе дадеме решителен одговор“, изјави Абе, пренесува „Взгљад“.
Јапонија сака соработка со Кина и Русија во врска со Северна Кореја
Во неделата Северна Кореја изврши ново лансирање на ракета со непозната модификација. Се претпоставува дека ракетата прелетала околу 500 км, паднала во Јапонското море, надвор од границите на јапонската ексклузивна економска зона.
САД соопштија дека знаат за лансирањето на ракетата, а Русија го оцени тоа лансирање како безопасно за земјата.