Претседателот Иванов ќе ја посети Русија на крајот на мај
Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов ќе ја посети Руската Федерација на крајот на мај, соопшти помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Ѓорѓе Иванов во Москва ќе прими награда за заштита на православието
„На крајот на мај“, изјави тој, одговарајќи на соодветното прашање. Притоа Ушаков не го наведе точниот датум на посетата, пренесува РИА „Новости“.
Во средата македонскиот претседател му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.