Ив Боне: НАТО намерно ја поттикнува перцепцијата за Русија како закана
Поранешниот шеф на француското контраразузнавање и основач на Меѓународниот центар за истражување на тероризмот и помош на жртвите на напади Ив Боне во интервју за РТ изјави дека НАТО намерно прави чувство дека Русија е закана.
„Верувам дека НАТО намерно поттикнува перцепцијата за Русија како закана, ова е претерано. Северноатлантската алијанса, како и секоја друга организација сака да продолжи да живее и, единствената причина поради која може да го продолжи своето постоење - тоа сте вие“, рече Боне.
Ја избира ли Балканот Русија за воен сојузник?
Според него, тој жали што Франција, која ја напуштила воената организација во 1966 година, од 2009 повторно се врати во НАТО. „Мислам дека тоа е огромна грешка: не мораше да се враќаме во НАТО - Северноатлантскиот сојуз во целина треба да се распушти“, рече тој.
Французинот исто така ги критикуваше активностите на НАТО во поранешна Југославија и Авганистан.
„Сметам дека денешното НАТО не е толку корисна организација, колку што претставува опасност. Таа е опасна. Беспредметно е да се нарушува спокојството на Русите, совршено бесмислено ве поттикнуваат да се нервирате, нема потреба да се иритира руската мечка“, додаде тој.