Путин: немало и нема да има сила, способна да го покори рускиот народ
Ниту една сила не може да го покори рускиот народ. Ова го изјави во вторникот (9 мај), рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето за време на парадата во Москва по повод 72-годишнината од победата во Големата татковинска војна, соопшти Рамблер.
Над 750 илјади лица беа дел од „Бесмртниот полк“ во Москва
„Немало и нема да има сила која може да го покори нашиот народ“, изјави рускиот претседател. „Слободата на Европа и долгоочекуваниот мир на планетата беа извојувани токму од нашите дедовци и прадедовци ... сите тие со храброст и трпение поминаа незамисливи искушенија во Втората светска војна ... мрзнеа во рововите, се задушуваа, ги прикриваа со своите тела пријателите на фронтот - тие тргнаа во бој, знаејќи дека оваа борба ќе им биде последен; гинеа без дознаат за победата, но направија за тоа сè што можеа“, додаде претседателот на Русија.