Парада на победата 2017: симболичен отчет пред народот
За првпат оваа година на парадата ја покажаа арктичката техника – зенитните ракетно-топовски комплекси „Панцир СА“ и зенитните ракетни системи „Тор-М2ДТ“, а исто така и логистичките машини создадени за условите на Крајниот Север.
Освен нив на главниот плоштад на земјата минаа оклопниците „Тигар“ и „Тајфун“ во различни модификации, а исто така техниката на платформата „Армата“, сaмоодечки хаубици и артилериски оружја. Меѓу нив беше и едно од најстрашните руски оружја – стратешките комплекси со интерконтинентални балистички ракети „Јарс“ и „Топољ-М“, а исто така и оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“.
Зошто парадата на 9 мај е симболична за Русија
Парадата на 9 мај е еден од најважните настани во земјата, смета поранешниот главен командант на РВСН генерал-полковник во пензија Виктор Есин.
„Тоа е симбол на приврзаност на традицијата, демонстрација на сила и истовремено послание. Целата срж на парадата е во зборовите на императорот Александар III наречен „Миротворец“: Русија има два сојузника – тоа се армијата и флотата“, вели генералот во пензија.
Како во Русија се чува споменот на хероите од Големата татковинска војна
Како што забележа тој, тоа е и политичкото кредо и главниот вектор на руската политика – Русија е моќна, современа држава, способна да ги брани своите интереси, како по дипломатски пат, така и со употреба на сила.
„Имено затоа секоја парада е симболична. Во неа има товар, како за Русија, така и за нејзините ривали“, додава Есин.
Освен тоа, парадата на 9 мај претставува исто така симболичен отчет пред народот за тоа на што државата во последниве години потроши 22 билиони рубли (375 милијарди американски долари), издвоени на програмата за вооружување 2020.