МНР го објави текстот на меморандумот за зоните на деескалација во Сирија
Министерството за надворешни работи на Русија го објави на својот сајт текстот на меморандумот за создавање безбедносни зони во Сирија, потпишан на средбата во Астана во четвртокот, 4 мај.
Лавров и Тилерсон разговараа за напорите за деескалација во Сирија
Меморандумот стапи во сила на денот на неговото потпишување. Четирите зони на деескалација во Сирија во саботата почнаа да важат на територијата на земјата.
Извор близок до штабот на операциите во Сирија соопшти дека примирјето во безбедносните зони се почитува делумно, иако има незначителни нарушувања со употреба на огнено оружје, пренесува „Взгљад“.