Студентка по медицина им помагала на патниците на летот Москва-Бангкок
По инцидентот екипажот, откако дознал дека девојката може да им помогне на патниците, ѝ дал прибор за прва помош. Таа рече дека може да дава инјекции и да стави шина на скршени екстремитети. Освен не други лекари немало во авионот и единствено таа можела да им пружи помош на настраданите, соопштува „Лајф.ру“.
„Крв имаше насекаде: и на потпирачите за раце, и на таванот во кој удриле. Бидејќи сум поврзана со медицината, не можев, се разбира, да седам туку-така“, ги цитира порталот зборовите на девојката.
Инцидент со авион на „Аерофлот“ на Тајланд, повредени патници
Откако на девојката ѝ дале комплет за прва помош, таа ги поминала по ред сите повредени. Некои замолила да лежат на самото место, затоа што претпоставила дека можеле да имаат скршен ’рбет.
„Кога дадов прва помош и од мене веќе ништо не зависеше, го чекавме слетувањето и брзата помош“, додаде девојката.
Притоа се наведува дека на пистата немало ни спасувачи, ни лекари, кои пристигнале дури по еден час. Иако официјално беше објавено дека брзата помош веќе го чекала слетувањето на авионот, пренесува „Взгљад“.