Абе ја потврди намерата да го реши прашањето за мировниот договор со Русија
Јапонскиот премиер исто така изрази надеж за конструктивна соработка со Москва во решавањето на глобалните проблеми, пренесува „Взгљад“.
Јапонија подготвена за соработка со Русија на Курилите
Абе неделава беше во посета на Русија и се сретна со рускиот лидер Владимир Путин. По средбата Кремљ соопшти дека порано или подоцна мировниот договор ќе биде потпишан.
Исто така во текот на средбата Путин најави посета на Јужните Курили од страна јапонски функционери.