МНР на РФ за погрешната објава на британски „Сан“ за „расизмот во Русија“
„Зачудени сме од непрофесионализмот на популарниот британскиот таблоид „Сан“, се вели на сајтот на МНР на Русија.
„Спартаковци“ му одговорија на Би-Би-Си за филмот за руските навивачи
Рускиот дипломатски ресор истакнува дека првичниот текст по реакцијата на читателите бил поправен од таблоидот, но „прашањата за причините на дозволената од Британците „географска грешка“ остануваат. МНР смета дека предвидувањата за тоа дека западните медиуми се обидуваат да ѝ нанесат штета на Русија како на земја-домаќин на Купот на конфедерациите во 2017 година и на шампионатот на светот во фудбал во 2018 година, се обистинуваат.
Претходно во четвртокот британскиот таблоид „Сан“ објави видео во кое се прикажани нереди направени од навивачите на мечот меѓу украинските фудбалски клубови „Динамо Киев“ и „Шахтјор“ од Донецк, и истото го нарече „расизам во Русија“. Во моментов на сајтот на таблоидот стои видеото насловено како „Расизам во Украина“, пренесува „Взгљад“.