ДНР: Во Донбас пристигнаа американски инструктори
„Според информациите на нашите извори, забележано е пристигнување на воени инструктори од САД во единиците кои се наоѓаат во зоната на таканаречената АТО“, изјави Басурин, пренесува „Взгљад“.
„На линија“: Украина де факто ја призна независноста на ЛНР и ДНР
Според него, една од целите на пристигнувањето на инструкторите од САД е проверка на готовноста на единиците на ВСУ за водење борбени дејствија.
На крајот на март командантот на силите на САД во Европа Кертис Скапароти на рочиштата во сенатот искажа мислење дека Вашингтон треба да ја засили армијата на Украина за спротивставување на воените формации на истокот на земјата.