Шарапова се враќа на тениските терени
Русинката Марија Шарапова ќе игра против Италијанката Роберта Винчи во првото коло на турнирот на Женската тениска асоцијација (WTA) во Штутгарт, се вели на сајтот на организацијата.
Според ждребот, победничката од мечот Шарапова-Винчи ќе се сретне со Русинката Екатерина Макарова или Полјачката Агнешка Радванска, која е седми носител.
На 26 април 30-годишната Шарапова ќе го игра првиот официјален натпревар по дисквалификацијата. Организаторите на турнирот во Штутгарт ја поканија Русинката да учествува со „вајлд карта“, пренесува „Лента.ру“.
Што ја снајде Шарапова?