Медиум: Руски агенти се обиделе да влијаат на кампањата на Трамп
Руски „оперативци“, како што претпоставува ФБИ, летото 2016 година можеле да ги искористат советниците на претседателот на САД Доналд Трамп за да се „инфилтрираат“ во неговата кампања. Ова го соопштува телевизијата Си-Ен-Ен повикувајќи се на чиновници.
„Читајте од усни“ - Путин за влијанието на Русија врз изборите во САД
Телевизијата смета дека Русија, меѓу другото, можела да го искористи и поранешниот советник на американскиот претседател Картер Пејџ.
Според чиновниците, тие не знаат дали Пејџ знаел дека „Русите можеле да го искористат“. Тие изјавија дека, судејќи според методите на работа на руските специјални служби, тој можел „несвесно да разговара со руските агенти“.
Претходно беше соопштено дека Пејџ негираше секаква врска со претставници на Русија, пренесува „Газета.ру“.