ФСБ: Утврден е нарачателот на терористичкиот напад во Санкт Петербург
Нарачателот на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург е утврден, изјави директорот на ФСБ на Русија Александар Бортников.
Приведен братот на осомничениот за организирање на нападот во Петербург
„Практично е утврден. Да, да, утврден е“, изјави Бортников за новинарите во четвртокот, одговарајќи на прашањето на „Интерфакс“.
„Сѐ, што беше официјално презентирано, сведочи за подготовката од страна на терористите на нападот што се случи во петербуршкото метро. Постепено ќе ве воведуваме во текот на работата“, додаде првиот човек на ФСБ.