Путин му ги честиташе на Ердоган резултатите од референдумот
Претседателот на Русија Владимир Путин му ги честиташе на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган резултатите од гласањето на референдумот за премин на претседателски систем на управување, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.
Кремљ го коментираше исходот од референдумот во Турција
Претходно во вторникот Песков не најави разговор меѓу Путин и Ердоган за резултатите од референдумот.
Во понеделникот Ердоган доби честитки за резултатите од референдумот од претседателот на САД Доналд Трамп.