Србија сака да купи руски ракетни системи С-300
Според зборовите на шефот на српската влада, тој лично разговарал за ова со претседателите на Русија Владимир Путин и на Белорусија Алесандар Лукашенко.
„За С-300 нема договор. Го споменав ова на преговорите со претседателот Путин и разговаравме за тоа. Разговарав за тоа и со претседателот Лукашенко“, изјави Вучиќ, пренесува РИА „Новости“.
Во јануари 2017 година министерот за одбрана на Србија Зоран Ѓорѓевиќ изјави дека планира да преговара со Белорусија за С-300. Што се однесува на преговорите на таа тема со Русија, официјална информација немаше. Вучиќ последен пат беше во посета на Минск на 26-27 јануари оваа година, а на Москва – на 27 март.
Русија не ѝ испорачувала оружје на Хрватска во 1990 години
„Немаме никаков договор за ова прашање. Но за нас би било важно да имаме два дивизиона и едно полковско командно место. Тоа за нас би било решение за многу години однапред“, истакна Вучиќ.
Одговарајќи на прашањето да ги коментира материјалите на хрватските медиуми за наводната руска продажба на Хрватска на системи С-300 вo 1990-те, Вучиќ изјави дека тој нема такви информации и потенцираше дека Русија официјално ги демантираше тие соопштенија.
„Немаме информација дека Хрватска има С-300. Воопшто, такво нешто не може да се сокрие, тоа не е игла“, изјави српскиот премиер. Тој исто такa додаде дека не сака да се меша во тоа „кој со кого тргувал“.