Столтенберг: Русија стана поагресивна
„Не гледаме директна закана за членките на нашата Алијанса од страна на Русија. Но гледаме поагресивна Русија“, изјави Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен.
Путин ги осудува сојузниците на НАТО за Сирија
Одговарајќи на прашањето дали може сегашните односи меѓу Москва и Западот да се наречат студена војна, Столтенберг одговори дека „тоа не е студена војна“. Сепак тој призна присуство на „зголемена затегнатост“ во односите. Во врска со тоа шефот на Алијансата изјави за потребата од „стратегија на одвраќање која ќе биде посилна и ќе заслужува доверба“.
Истовремено Столтенберг потенцира дека „Русија претставува за НАТО најголем сосед“.
„Затоа треба да бараме начини за создавање односи со неа“, изјави генералниот секретар на НАТО, пренесува РИА „Новости“.