„Нападот на САД врз Сирија е резултат на „игрите на американските тронови“
Москва го поврзува нападот на САД врз сириската воздухопловна база со внатрешнополитичката борба во Вашингтон, изјави во петокот портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Медведев за Трамп: Остатоците од предизборната магла се расеаја
„Јас би го нарекла она што го гледаме денес, „игри на американските тронови“. Тоа е војна на внатрешнополитичките кланови, воено-финансиските, политичко-финансиските структури кои не можат да ги прифатат резултатите од изборите“, изјави Захарова за телевизијата НТВ, пренесува „Интерфакс“.
Според неа, „на Американците ќе им биде срам“ за извршениот напад врз Сирија.
Захарова, исто така, додаде дека Русија ќе ги гради своите односи со САД имајќи ја предвид на непредвидливоста на нивните постапки. „Со разбирање на апсолутната непредвидливост на САД како земја, како партнер. Токму од тие позиции ќе ги градиме“, изјави портпаролот на МНР на Русија.