Порошенко држи лекција: Западот да ги подобрува односите со РФ преку Киев
Подобрувањето на односите меѓу Русија и Западот треба да оди преку Киев. Вакво мислење претседателот на Украина Петро Порошенко искажа на 6 април на форумот за безбедност во Киев, соопштува УНН.
Порошенко: Русија нема да се откаже од создавањето алтернативна Европа
„Секое подобрување на односите со Москва на Запад оди преку Киев. Не може да биде поинаку. Дојде време да се разбудиме. Колку повеќе се колебаме, толку поголеми предизвици ќе стојат пред нас утре“, изјави украинскиот претседател.
Порошенко смета дека Украина треба да дејствува превентивно и да не реагира на понатамошните „провокативни потези“ на Москва.
„Не треба да се плашиме од Русија и да отстапуваме ни сега, ни во иднина“, изјави украинскиот лидер, пренесува порталот „Шариј.нет“.