Постојаниот претставник на САД во ООН: Трамп ја смета Русија за проблем
Постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја смета Русија за проблем, пренесува Ес-Би-Ес.
Трамп: Хемискиот напад во Сирија е многу тажен ден за Русија
„Имавме разговори со претседателот во кои тој ја сметаше Русија за проблем“, изјави таа.
Според Хејли, таа ја прекорувала Москва во повеќе наврати отколку што „би можела да изброи“ и увери дека Вашингтон нема намера да ѝ „попушта“ на Русија.
„Она, што тие (Русија) го направија со Крим и со Украина... И како го поддржуваа Асад, такви работи повеќе нема да дозволиме да им поминат“, потенцираше постојаниот претставник на САД во ООН, пренесува „Газета.ру“.