Путин: меѓу Русија и Белорусија не останаа спорни прашања
Спорни прашања меѓу Русија и Белорусија за денеска не останаа, изјави претседателот на РФ Владимир Путин по разговорите со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
„За денеска не останаа спорни прашања, ќе се движиме напред, ќе ги јакнеме сојузничките односи во рамките на Сојузната држава и ќе работиме на зајакнување на нормативно-правната база и на развојот на Евроазиската економска унија“, изјави рускиот лидер, пренесува РИА „Новости“.
Три сценарија за руско-белоруските односи
Путин потенцираше дека сите прашања кои настануваат Русија и Белорусија ги решаваат во текот на практичната заедничка работа.
„Во духот што се формираше меѓу нашите земји веќе долги години по потпишувањето на договорот за основање на Сојузната државата“, изјави тој.
Рускиот претседател потсети дека буквално вчера беше прославено обединувањето на народите на Русија и Белорусија и годинава исто така е 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.