Вучиќ ветува дека ќе ги задржи добрите односи со Русија
Премиерот на Србија Александар Вучиќ, кој победи на изборите за претседател на државата, вети дека ќе го продолжи курсот кон европска интеграција, задржувајќи ги притоа добрите односи со Русија.
Путин изрази увереност во позитивниот развој на односите со Србија
Вучиќ исто така истакна дека има намера да ги одржува и развива пријателските односи со Кина.
Тој им се заблагодари на канцеларката на Германија Ангела Меркел и на претседателот на Русија Владимир Путин за средбите со него пред изборите, пренесува „Взгљад“.
Претходно Вучиќ се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва, со кого разговараше за развојот на односите меѓу двете земји.