МНР на Русија се пофали со својата нова автоматска секретарка
Министерството за надворешни работи на Русија објави на својата официјална страница на „Фејсбук“ шеговита „автоматска секретарка за руските дипломатски мисии во странство“.
На записот машки глас предлага „да нарачате телефонски повик од руски дипломат“, „да ги искористите услугите на руските хакери“ или да се обратите „за прашања за мешање во избори“.
„Ви укажуваме дека со цел зголемување на квалитетот на услугите сите разговори се снимаат“, се вели на аудио-записот што го пренесува RT.