Турција подготвена да им овозможи на Русите влез без пасош
Според шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, страните уште пред две години, односно пред инцидентот со соборениот авион, постигнале значителен прогрес околу ова прашање.
„Бидејќи билатералните односи повторно се нормализираа, можеме да завршиме со дискутирањето. Властите на Турција веќе поставуваат уреди за идентификација на аеродромите. Имаме намера да ги обновиме преговорите“, ги цитира зборовите на министерот агенцијата „Анадолу“.
Путин: Русија и Турција повторно на патот на партнерска соработка
Чавушоглу истакна дека нормализацијата на односите меѓу земјите продолжува, а меѓу претседателите се воспоставиле пријателски односи.
„Пријателските односи меѓу двете земји даваат свој придонес во решавањето на регионалните проблеми, на пример за обезбедувањето на примирјето во Сирија. Страните исто така работат на прашања кои се однесуваат на испорака на хуманитарна помош за цивилите во таа земја“, потенцираше дипломатот.
Министерот додаде дека важна улога во нормализацијата на односите меѓу Москва и Анкара одиграл фактот што двете страни ги исполнуваат своите ветувања и дејствуваат во согласност со потпишаните договори, пренесува РИА „Новости“.