Во Русија протести против корупцијата
Во неделата, 26 март, ширум Русија се одржуваат протести против корупцијата.
Формален повод е отсуството на реакција од властите на истрагата на ФБК (Фонд за борба со корупцијата) за работењето на премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
„Не знам кој имаше очекувања“: каде отидоа политичките протести?
Во некои градови протестите беа пријавени и одобрени од властите, во некои не.
Во Москва на протестите се приведени повеќе од 130 лица, соопштува „ОВД-Инфо“.
Протестот во Москва, организиран од опозиционерот Алексеј Наваљни, кој е приведен во текот на протестите, не бил усогласен со градските власти, пренесува „Медуза“.