ПССЕ: сирискиот проблем може да се реши со заеднички напори на РФ и САД
„Не се сомневам дека ако на преговарачка маса седнат претставниците на двете земји - на Русија и САД, сирискиот проблем ќе може да се реши“, изјави тој на средбата со претседателот на Државната Дума Вјачеслав Володин во неделата на маргините на Парламентарното Собрание на ОДКБ.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?
Аграмунт ги повика „двете страни (РФ и САД) да се обидат да го решат овој (сирискиот) проблем“. Тогаш, како што смета претседателот на ПССЕ, ќе може да заврши безумието кое денес се прави во Сирија.
„Дијалогот е најважното средство за постигнување на оваа цел. Тоа е фундаменталната цел, кој придонесува за мирот и стабилноста“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.