Берлин: Руски хакери ги нападнаа серверите на партијата на Меркел
Во 2016 година Германија спречила два хакерски напада кои, според мислењето на властите, ги извршиле хакерите од групата Fancy Bear. Ова во интервју за „Ројтерс“ го изјави шефот на Федералната институција за информатичка безбедност Арне Шенбом.
Според него, во мај минатата година хакерите се обиделе да ги пробијат серверите на партијата на канцеларката на Германија Ангела Меркел (Христијанско-демократската унија) во балтичкиот регион.
Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери
По неколку месеци се случил обид за хакирање на серверите на партиите во Бундестагот по пат на „фишинг“. Експертите изјавија дека при нападот хакерите го употребиле името на доменот на НАТО за да се обидат да вметнат малициозен софтвер.
„Германија сѐ уште се наоѓа во опасност во сајбер-просторот, затоа што имаме дигитализирано многу податоци“, смета Шенбом.
Установата на чие чело е Шенбом прави сѐ што може за зајакнување на одбраната на Германија против такви напади: врши мониторинг на државните мрежи и им објаснува на политичарите како да се обезбедат од сајбер-напади.
„Ние им даваме совети и им помагаме да преземат определени мерки. Но, на крајот на краиштата, секоја страна сноси одговорност (за своите дејствија)“, изјави германскиот политичар, пренесува РБК.