„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Чеченија
Терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз касарната на Росгвардија во Чеченија, соопштува мониторинг-групата SITE Intel повикувајќи се на „Амак“ (Amaq) (информативната служба на ИД).
Шестмина припадници на „Росгвардија“ убиени во Чеченија
Од Росгвардија го нарекоа тоа соопштение уште еден доказ за тоа дека Русија се наоѓа на истурените позиции на борбата со меѓународниот тероризам.
„Шестмината војници кои загинаа како резултат на нападот, до крај го исполнија својот војнички долг. Бандитите беа уништени. Борците на Росгвардија докажаа дека им се спротивставуваат на терористичките закани и сигурно го обезбедуваат мирниот живот на руските граѓани“, се вели во соопштението на Росгвардија.
Според информациите на првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров, напаѓачите сакале да дојдат до оружјето кое се чува во базата. Двајца терористи се од Ростовската област, еден од Волгоградската, а останатите тројца се од Чеченија, пренесува „Лента.ру“.