Порошенко најави закон за враќање на интегритетот на Украина
Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека има намера да иницира донесување на закон за враќање на територијалниот интегритет на земјата, пренесува прес-службата на украинскиот претседател.
ДНР почна да испорачува јаглен во Русија
Документот им одговара на националните интереси на Украина, истакна лидерот на земјата, говорејќи на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана. Притоа тој не откри детали за својата иницијатива.
Порошенко обвини некои политички сили за обид „да се ослободат од дел од Донбас и да истуркаат во Русија неколку милиони Украинци“. „Законски да се легализира тоа се предвидува со законот за окупираните територии... Таков закон ќе го уништи Минскиот процес. Ќе ги закопа меѓународните санкции против Руската Федерација, бидејќи тие се врзани за Минск“, изјави украинскиот претседател, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, Порошенко рече дека транспортниот сообраќај со ДНР и ЛНР ќе биде прекинат сѐ додека претпријатијата во самопрогласените републики не се вратат под украинска јурисдикција. Преку линијата на разграничување ќе се дозволи превоз единствено на хуманитарни товари.