Медиуми:Четворица Руси меѓу загинатите во хеликоптерска несреќа во Истанбул
Една од жртвите во падот на хеликоптер во Истанбул е генералниот директор на руската филијала на турската градежна компанија Eczacıbaşı Салим Озен, соопштува „Дејли Сабах“.
За што ќе разговараат Путин и Ердоган?
Градоначалникот на Истанбул го потврди загинувањето на седум лица кои се наоѓале во хеликоптерот.
Меѓу нив, покрај првиот човек на Eczacıbaşı, имало двајца пилоти и четворица патници-државјани на Русија.
Се истакнува дека хеликоптерот летал од Истанбул кон објект на компанијата Eczacıbaşı во турската провинција Билеџек, пренесува RT.