Додик: Кримското прашање е решено
„Да не беше противуставниот преврат на Мајдан, многу настани немаше да се случат. Крим премина во Русија врз основа на референдум, а волјата на народот треба да се почитува. Кримското прашање е решено“, изјави Додик за „Известија“.
Чиј е Крим?
Политичарот укажа на двојните стандарди на Западот, кој не ја признава волјата на народот на Крим, но притоа ја признава волјата на политичката елита на Косово, каде референдум воопшто и немаше.
Тој исто така изјави дека многу земји во Европа се залагаат за укинување на санкциите и дека таквото расположение само расте.
„Тие се обидоа економски да ја ослабат Русија, но самите претрпеа сериозни економски загуби... Русија во целина ништо не загуби. Затоа укинувањето на санкциите е во интерес на Европа“, изјави Додик, пренесува „Взгљад“.