Шојгу го извести Путин за ослободувањето на Палмира
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го информираше претседателот Путин дека армијата на Сирија со поддршка од Воздушно-космичките сили на Русија ја заврши операцијата за ослободување на Палмира.
Руски дописник од Сирија: „Одиме на Палмира“
Ова го соопшти РИА „Новости“ повикувајќи се на портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.
Претходно беше соопштено дека сириската армија и доброволечките одреди воспоставиле контрола над историскиот дел на Палмира, каде се наоѓаат античките споменици. Претходно беа заземени котата Ат Тар и старата тврдина на Палмира. Потоа терористите на „Исламската држава“ почнаа хаотично да се повлекуваат од историскиот дел на Палмира кон аеродромот и Тадмор.
Се истакнува дека успехот на офанзивата го обезбедиле масовните воздушни напади на руските хеликоптери, пренесува „Взгљад“.