Путин: Антидопинг-системот во Русија не беше успешен
„Треба да сослушаме, без оглед на пропустите во работата на независната комисија (на Мекларен), да сослушаме што направила таа, резултатите од нејзината работа, треба да ги сослушаме барањата на ВАДА“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
ВАДА ја призна недоследноста на извештајот на Мекларен
Според него, треба да се признае дека во Русија има веродостојно откриени случаи на примена на допинг, што е „апсолутно неприфатливо“ и додаде дека постојниот руски систем за контрола на допинг не функционираше успешно и дека тоа е вина на државата.
Притоа Путин изјави дека во Русија никогаш немало и нема да има државна поддршка на допингот. Шефот на руската држава изрази надеж дека во земјата ќе биде воспоставена строга и ефикасна борба против допингот со помош на странски стручњаци.