„Киев има план за враќање на Крим и Донбас“
Киев има конкретен план за враќање на Крим и Донбас под своја контрола и на тоа поле територијалниот интегритет на Украина не е предмет на дискусија, изјави министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков во интервју за украинската телевизија „1+1“.
Порошенко „нема да ги остави без поддршка“ жителите на Крим
Според зборовите на Аваков, тој план го разработуваат дипломати и „апсолутно не е поврзан ниту со најмали отстапки“. Шефот на украинската полиција додаде дека и тој е дел од оние кои „работат на таа ситуација“.
Според негово мислење, проблемот со враќањето на Крим и Донбас може да се реши брзо и по дипломатски, а не по воен пат, пренесува РИА „Новости“.