Порошенко повика на пожестоки антируски санкции
„Од гледна точка на меѓународното право, тоа веќе претставува елемент на признавање на тие незаконски формации и де факто откажување од минскиот процес, затоа што тие дејствија се некомпатибилни со имплементацијата на „Минската спогодба“, изјави Порошенко на средбата со европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидес.
Како што изјавија од прес-службата на украинскиот претседател, Стилианидес соопштил дека ЕУ продолжува да го поддржува Киев, пренесува РИА „Новости“.
Генерален секретар на ОБСЕ: Русија де факто ги призна ДНР и ЛНР
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за признавање во Русија на документи, издадени на државјани на Украина и на лица без државјанство кои живеат на териториите на одделни реони на Донецката и Луганската област, до политичко регулирање на ситуацијата во тој регион.
Министерството за надворешни работи на Русија потенцираше дека Москва притоа „се раководеше исклучително од хуманитарни побуди“, а указот ќе важи до реализација на „Минската спогодба“:
Рускиот дипломатски ресор истакна дека указот во целост соодветствува на меѓународното право, кое не забранува признавање на основни документи, неопходни за реализација на правата и слободите на граѓаните, издадени од власти кои не се меѓународно признаени.