Порошенко: Витезите на Мајданот го спасија светот од Русија
Настаните на Мајдан ги спречија на плановите на Русија во однос на Украина, изјави во своето обраќање претседателот на Украина Петро Порошенко на 20 февруари.
За што се зборува во „Украина во оган“ од Оливер Стоун
„Судбоносните настани кои се случија пред три години во самото срце на Украина, го разбудија целиот свет. Победата на Револуцијата на достоинството ги расипа долго време негуваните планови на Москва за потчинување на Украина, нејзино понатамошно претворање во потцарска колонија и понатамошна експанзија“, изјави претседателот на Украина.
Според Порошенко, „посветеноста и пожртвуваноста на витезите на Мајданот“ го разбудиле во Украинците „патриотскиот дух“ и го покажале присуството на вредностите „кои се поскапи од сопствениот живот“.
Минатата недела Порошенко изјави дека истрелите на Мајданот биле „фактички првите истрели на агресорот“, пренесува порталот „Шариј.нет“.