Четворица руски војници загинаа во Сирија
Се соопштува дека конвој автомобили, во кој бил и автомобилот со руските воени советници, се движел од подрачјето на аеродромот Тијас кон градот Хомс.
Зошто Русија војува во Сирија?
Откако колоната изминала околу 4 километри, под автомобилот, во кој се наоѓале руските војници, била активирано експлозивно полнење од далечина.
Како резултат на експлозијата, четворица руски војници загинале, а уште двајца се ранети.
Се истакнува дека руски воени лекари се борат за нивните животи, пренесува RT.